Во Брисел почнуваат преговорите меѓу Белград и Приштина

popara9 март, 20111min00
BELGIUM EU NEW COMMISSION BUILDING
Србија и Косово денеска попладне ќе почнат преговори во Брисел, а теми на дијалогот ќе бидат регионалната соработка, слободата на движење и владеење на правото, јавуваат српските медиуми, пренесува Нетпрес.
Според објавеното, официјален Брисел е дискретен, најавува работен и технички состанок.
Првата рунда преговори меѓу Белград и Приштина почнува во 15 часот, денеска, и ќе трае два дена. Српската делегација ја предводи политичкиот директор на министерството за надворешни работи, Борко Стефановиќ, додека на чело на косовската стране е Едита Тахири, заменичка на премиерот. Со преговорите ќе претседава претставникот на Европската унија, Роберт Купер.
Планирано е високиот претставник на ЕУ за надворешна политка и безбедност, Кетрин Ештон, по средбата да објави соопштение, додека претставниците на двата преговарачки тима на медиумите ќе им се обратат утре. Српските медиуми објавуваат дека Брисел се труди целата работа де мине што е можно повеќе во дискреција, а денешниот состанок го најавува како работен и технички, и нагласува дека ова е само почеток на процесот.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag