Во Италија 200 лица повредени во протести

4 јули, 20110
ITALY-EDUCATION-PROTEST
Најмалку 188 полицајци и неколку демонстранти биле повредени во текот на протести организирани против градење на тунел за пруга на возови со голема брзина која треба да ги поврзе Италија и Франција.
На првично мирниот протест во подрачјето на Вал ди Суса покрај Торино му се придружиле околу 6.000 лица. Судирот се случил покрај местото за градење каде демонстрантите фрлале камења и петарди, а полицијата одговорила со солзавец.
Во судирите се повредени најмалку 188 полицајци и неколку демонстранти. Неколку лица биле претходно повредени во слични судири претходно минатата недела. Полицијата уапсила пет лица и се обидела да ги растера демонстрантите, но некои успеале да ја пробијат оградата на градилиштето.
Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано изјавил дека го осудува нападот на полицијата и рекол дека насилни поединци кои се инфилтрирале меѓу демонстрантите нема да бидат толерирани.
Жителите на долината силно се противат на проектот вреден 15 милијарди евра кои ја поддржуваат владата и локалните власти и тврдат дека ќе и’ наштети на околината и ќе го наруши природниот изглед. Движењето против изградба на железничка врска прераснал во локални рамки и ја придобил поддршката од анархистичките до католичките групи.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi