Во Кина 600 лица затруени со олово

12 јуни, 20110
5619424567_dc9a39ee42
Повеќе од 600 лица, вклучувајќи и 130 деца, биле затруени со олово во најновиот случај од тој вид во Кина, пишува “Политика“, пренесува НетПрес.
Жртвите од труењето се работници кои работат во 25 мали работилници за преработка на олово, како и нивните деца во градот Јангсинџиао во источната провинција Џеѓујанг.
Резултатите од тестовите покажале дека 26 возрасни и 103 деца имаат тешки случаи на труење, додека кај 494 лица станува збор за полесни облици.
Кина во последните години има раширен проблем со случаи на тешко труење со метал, при што илјадници деца биле погодени со таа појава во текот на 2009 и 2010 година во неколку кинески провинции бидејќи живеат во близина на топилница и фабрика за метал кои не ги користат потребните еколошки мерки за заштита.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi