Третина од животот луѓето го поминуваат во спиење, а 95 % од луѓето заспиваат секоја вечер во иста положба. Но, некои положби може да бидат добри или лоши за одредени здравствени состојби. Дали вашата положба во која спиете ве прави здрави или болни?
На страна со испружени нозе
Помага за: проблеми со киселини во желудникот
Полошо за: брчките на лицето на страната на која спиете
На грб
Помага за: артритис
Полошо за: астма, ’рчење, проблеми со срцето
Положба на фетус
Помага за: болката во долниот дел на грбот
Полошо за: болката во вратот и главоболка
Во прегратка
Помага за: намалување на стресот
Полошо за: болка во мускулите, вратот и зглобовите
На стомак
Помага за: олеснување на ’рчењето
Полошо за: трнење на рацете и гребење на забите
Размислете со кои делови од телото често имате проблеми и прилагодете ги своите навики на положбата во која спиете, се разбира со вистинска перница која ќе ви одговара.