Во Недела ќе се трча петтиот Скопски маратон

6 мај, 20110
SKopski maraton trka 3
Скопскиот маратон во недела ќе се одржи по петти пат низ улиците на главниот град.
“Маратонците“ ќе се тркаат на 5.000 метри во рекреативни и хумани цели, на двете полумаратонски трки на 21.097 километри и маратонската на 42.195 километри.
Оваа година Скопскиот маратон оствари соработка со неколку други маратони од Европа, како со маратоните во Прага, Рим, Истанбул, Торино, Раденци и Загреб. Како резултат на таа соработка делегација на Скопскиот маратон беше гостин на полумаратонот во Прага на 2. април кадешто со 9.000 флаери беше промовиран нашиот маратон.
Директорот на Маратонот, Кире Синадиновски, најави уште една новина во годинешното 5-то издание на оваа манифестација.
“Оваа година Скопскиот маратон влезе во листата на маратони на ИААФ на кој може да се исполни норма за учество на Светското првенство во атлетика во 2011 година во Јужна Кореја, и за учество на Олимписките игри во 2012 година во Лондон“, рече Синадиновски.
Годинава вкупниот фонд за парични награди за сите категории заедно изнесува околу 10 илјади евра, а се очекува до почетокот на маратонот, бројот на пријавени учесници да надмине 3.000. Во организацијата на маратонот се вклучени околу 300 волонтери и околу 200 припадници на Сообраќајната полиција, а голема помош во организацијата  и реализацијата на овој најголем спортски настан во градов даваат и вработените во сите Јавни претпријатија на Градот Скопје.
Скопскиот маратон  како традиционална манифестација е во организација на Град Скопје, Сојузот на спортови на Скопје, Атлетската федерација  на Македонија, Атлетскиот клуб “Работнички“ и Делегацијата на ЕУ во Македонија.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi