Во што упорно веруваат жените, а многу грешат?

popara29 јуни, 20111min00
zenigreshki

Верувате дека сексот на првиот состанок е убиец на љубовта. Мажите не може да имаат пријателка. Мажите се ловци и љубовта за нив е споредна. Доколку ова се вашите мислења… тогаш сте една од оние жени кои упорно веруваат во нешто, а е сосем погрешно.

Ова се петте митови во кои жените веруваат:

Сексот на прв состанок е убиец на љубовта. Потоа нема да ве почитува. Доколку мажот посакува само да има секс со вас, нема да му го смени мислењето, доколку имате секс со него првата или петтата вечер. Треба да процените каков човек е тој, и како ве доживува. Доколку е повеќе од очигледно дека има желба само да си ја исполни својата цел, тогаш не може да очекувате од него да ви биде партнер во сериозна врска.

Мажите сакаат да бидат ловци. Ова е делумно вистинито, барем што се однесува на мажите од стар ков. Не е лесно да освоиш некого. Да му се приближиш и да го освојуваш, со голем ризик дека ќе бидеш понижен. Затоа и мажите сакаат некогаш да бидат освоени. И тие копнеат да им се приближи некоја девојка, која ќе направи се за да ги освои.

Мажите не може да имаат другарка, без сексуални помоисли за неа. Помислата дека мажот има сексуални помисли за секоја жена, е многу понижувачка за секој маж. Со тоа ги сведуваме на суштества водени од нагонот. На нив не им е баш секоја жена сексуално привлечна.

Мажите сакаат да им оставате простор за фантазирање. Мислите дека мажот сака да гледа девојка со маичка која открива само еден дел од телото, на пример рамената? Мислите дека е привлечно за нив да ја гледаат својата партнерка кога излегува од туш замотана со пешкир околу себе? Да. Сакаат да гледаат, но при тоа да не им откривате се. Но, дали знаевте дека тие најмногу сакаат да видат девојка која е целосно откриена и на неа нема ништо?

Мажите се плашат од независни и силни жени. Сепак треба да напоменеме дека ова не е племе, кога мажот е оној кој е глава на племето и не и дозволува на жената да ги има истите права со неа. Правите мажи сакаат жена која ќе може да донесува одлуки сама, лесно да се справува со проблемите во животот , и самата да биде одговорна за себе. Сето тоа ќе го импонира, бидејќи успеал да најде и до себе да задржи жена која е силна и независна.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag