Во Сирија продолжуваат нападите на безбедносните сили

24 април, 20110
55
Сириските безбедносни сили денеска отворија оган врз цивилите кои присуствуваа на погребот на вчера убиените демонстранти во Дамаск и Израа.
“Најмалку три лица се убиени во предградието на Дамаск, Дума. Луѓето кои ги носеа телата на убиените во вчерашните протести, ги оставија откако ги слушнаа истрелите и почнаа да бараат засолниште, по што беа погодени од куршуми“, тврдат очевидци.
Сириските војници отворија оган и врз посмртна поворка во градот Израа, во јужниот дел на земјата, каде вчера беа убиени околу 12 луѓе. Во денешниот напад се убиени најмалку три лица.
Десетици илјади демонстранти присуствуваа денеска на погребите на убиените во вчерашните напади.
Во вчерашниот напад загинаа повеќе од 70 демонстранти, со што го направија еден од најсмртоносните денови од почетокот на протестите во земјата, кои траат околу еден месец, соопштија активисти за заштита на човековите права.
Локалните координативни комитети објавија список со имиња на 88 лица кои загинаа при задушување на протестите во Дамаск, Латакија, Хомс, Хама и Израа.
Според организацијата за заштита на човековите права “Амнести интернешанл“ загинати се 75 демонстранти, додека сириски активисти соопштија за околу 100 жртви.
Стотици илјади луѓе излегоа вчера да протестираат во Сирија со барање за повлекување на претседателот Башар Асад од власта. Тоа беа најголемите демонстрации од почетокот на немирите во земјата, кои започнаа пред околу еден месец. Тие беа организирани и покрај укинувањето на вонредната состојба со указ на Асад еден ден претходно, што беше едно од основните барања на демонстрантите, заедно со ослободувањето на политичките затвореници и расформирањето на актуелниот режим.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi