Во Украина откриени 14 случаи на колера

popara6 јуни, 20111min00
cholera

Бројот на заболени од колера во украинскиот град Мариупољ на крајбрежјето на Азовското море продолжува да расте и утринава достигна 14, јавиле руските новински агенции, повикувајќи се на украинското министерство за вонредна состојба.
Агенцијата Итар-тас известува дека руската федерална инспекциска служба “Роспотребнадзор“ вовела засилена контрола на воздушниот и железничкиот сообраќај. Од таму е соопштено дека санитарната служба внимателно ќе ги прати патниците дали имаат зголемена температура или други симптоми кои укажуваат дека се работи за тоа инфекциско стомачно заболување.
Агенцијата РИА новости пренесува дека според епидемиолозите заболените се заразиле пред се’ при обработка на свежо уловена риба на нехигиенски места или со нејзино конзумирање без претходна соодветна подготовка.
Заради тоа сите случаи на заразени се поврзани со риби. Во Мариупољ е ограничен или забранет риболовот, како и купувањето на риба.
Пренесувањето на колера е најчесто преку заразена вода која се црпи од плитки и незаштитени бунари. Морската храна исто така се посочува како можен извор, особено сирова или малку готвена.
Најголем дел од луѓето заразени со колера имаат блага до средно изразена дијареа, но доколку навреме не се лекува, колерата е една од најбрзоширечките, фатални инфекции воопшто познати.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma