Во Загреб се одржува 10-та Парада на гордоста

slobodan18 јуни, 20111min00
0
Во Загреб, денеска десетти пат по ред се одржува “Загреб прајд“ под мотото “И иднината е наша“ на која се очекува дека ќе присуствуваат најмалку илјада луѓе, кои под бројно полициско обезбедување ќе продефилираат низ градот.
Меѓу учесниците, покрај припадниците на геј популацијата, се очекува поддршка од бројни граѓани, невладини активисти, но и политичари кои го поддржуваат правото на различност.
На основните цели на борбата за своите права, геј активистите ќе укажат на говорите во паркот Зрињевац каде поворката ќе го заврши маршот, а ќе се прогласи и најпријателско и најхомофобично лице.
Организаторите ќе потсетат дека секој има демократско и уставно право на мирен собир и искажување ставови во одбрана на своите убедувања, но и право на родова и сексуална рамноправност и дека повикувањето на насилство и ширењето национална, верска или расна омраза е казниво по закон.
Организаторите апелирале до министерот за внатрешни работи на Хрватска, Томислав Карамарко и до загребската полиција задолжена за обезбедување на парадата да се држат до законот затоа што во Сплит, минатата недела, тоа не било случај.
Во Сплит, илјадници демонстранти ја прекинаа првата “Сплит прајд“. Иако немало физички напад, со разни предмети биле повредени повеќе лица, меѓу кои имало десет полицајци и новинари.
Насилството во Сплит, како и доцната реакција на полицијата предизвикаа прозивање на Хрватска од Европската унија и барање за посилен мониторинг или одложување на преговорите. После тоа, врховниот суд го осуди насилството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma