Војна со палати на дизајнерите – Версаче гради палата во Дубаи:)

popara29 август, 20111min00
news_28182

Иако неговото отворање е закажано за почетокот на 2012 година, хотелот „Palaco Versace“ во Дубаи, уште од сега привлекува огромно внимание кај јавноста.

Дизајнерите и понатаму продолжуваат со војната кој ќе изгради поексклузивен хотел – Армани отвара свој хотел во Милано оваа есен, а Булгари своите лондонски врати ќе ги отвори во првата половина на 2012 година.

Е, сега, им се приклучува и модната куќа Версаче која со раскошниот хотел во Дубаи не сака ни малку да заостане позади конкуренцијата.

„Palaco Versace“ е луксузна градба наменета за оние со прилично длабок џеб, повеќе потсетува на Версај отколку на хотел и буквално секој детаљ е така смислен, да гостите се чувствуваат максимално удобно.

Во хотелот ќе има 169 резиденции, спа бања, продавница со Версаче облека и накит, италијански ресторан, базени и приватно пристаниште.
Инаку, идната година се навршуваат 15 години од трагичната смрт на Џани Версаче. Не се ни сомневаме дека модниот великан би бил воодушевен и горд на оваа палата која му е посветена само нему.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag