Војници на UN принудувале деца на секс за храна

5 септември, 20110
88884

Војници од единицата на Обединетите нации задолжени за мир и помош на цивилното население во Брегот на Слоновата Коска ги принудувале малолетните девојчиња на секс во замена за храна, покажале американски тајни документи на Амбасадата на САД во Абиџан, кои ги објавил Викиликс.

Извешатаите на амбасадорот, напишани во јануари 2010 година, биле наменети за однесувањето на војниците од Бенин, кои биле стационирани во Тулупле, и кои важеле за господари на животот и смртта, бидејќи во нивните раце била речиси цела хуманитарна помош.

Според изјавите на малолетните девојчиња во Тулупле, 80 отсто од нив биле принудени во редовен секс со војници од Бенин, како би осигурале основни животни потреби.
Портпаролот на ОН, Мишел Бонарда потврдил дека 16 мировници биле суспендирани и дека против нив ќе се спроведе кривична постапка.

Сексуалното насилство од страна на “мировници” на ОН било пријавено и во други земји каде што има присуството на меѓународни сили, во Конго, Камбоџа и Хаити – но ова е прв пат еден официјален документ да ги потврдува наводите.

Најскандалозиот детал се наоѓа на крајот на документот. Во кој пишувало: “Родителите ги охрабруваат децата да даваат сексуални услуги на војниците, со цел да набават храна за нив.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi