Францускиот психолог Фредерик Фанже открил формула за успешен брак – потребно е да му помагате на партнерот за да ја надмине својата индивидуалност.
Како што пренесува весникот “Figaro”, паровите кој “траат“, всушност ја применуваат формулата “1+1=3“, односно дека секој партнер влијае на другиот, помагајќи му да ја надмине својата индивидуалност.
“Тоа не значи дека вашата индивидуалност е потисната, туку дека сте направиле мал компромис, поради успешниот живот во двојка, кој е важен за нормален развој на секоја личност“, изјавил психологот.
Затоа треба барем малку да се жртвувате и да бидете толерантни, но и отворени за прифаќање на различни мислења од саканата личност, додал Фанже.