Вонредна состојба во Косовска Митровица!

28 јули, 20110
митровица

Општинското собрание во северниот дел на Косовска Митровица одлучило да воведе вонредна состојба во општината поради влошената безбедносна ситуација во северниот дел на покраината и дека во градот Звечан е закажана средба помеѓу шефот на српската влада за преговори со Приштина Борислав Стефановиќ и командантот на КФОР, Ерхард Билер, објавило локалното радио КИМ.
Вонредна состојба подразбира ограничување на работата на угостителските објекти од 7-15 часот, а доколку не се почитува наредбата тогаш спрема прекршителите ќе бидат преземени законски мерки.
Локалното собрание на Косовска Митровица побарало од Владата, надлежните министерства и претседателот на Србија да преземат мерки согласно уставното овластување за заштита на територијалениот интегритет и Србите во покраината.
Стефановиќ и Билер, според објавите на КИМ радио, ќе разговараат за спроведувањето на договорите за повлекување на специјалните полициски единици од граничните премини во северно Косово, како и враќање на припадниците на Косовската полициска служба со српска и албанска националност кои работеле на тие премини пред обидот на Косовските специјалци да ги превземат под нивна контрола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma