Вонземјаните биле пријатели со Неси од Лох Нес! Чекај, ме збунија сега! Што??

popara26 август, 20111min00
Vonzemjani i Nesi

На 21 август, поточно во вечерните часови, полицијата била известена дека неидентификуван син објект паднал од небо во езерото Лох Нес.

По долгата истрага и „прочешлување“ на езерото, локалната полиција, пожарникарните единици па и претставници од Кралските воздухопловни единици (RAF), не пронајдоа ама баш ништо.

Иако истрагата не вроди со плод, пред неколку дена од необичнава пријава имало интензивни НЛО активности. И покрај сите очекувања дека ќе се пронајде објектот кој падна и ќе ја разреши мистеријава, воопшто не ги чуди разочараните луѓе тоа што ништо не е пронајдено во езерото.

Епа така случкава само ги стимулира приврзаниците и фантазерите на НЛО теориите да смислат уште повеќе теории, додека некои веќе се изјаснија дека НЛО бил вонземјанско летало кое се враќа во базата под дното од езерото. Фактички на тој начин настојуваат да го објаснат исчезнувањето на објектот и слични други сценариа кои се повториле неколку пати т.е дека летала се појавуваат над езерото или пак паѓаат во него, а потоа се разбира исчезнуваат.

Некои други теории се врзуваат за Неси, најпознатата „жителка“ на езерото ( во случај да постои), за која тие сметаат дека е веќе загината, па сега вонземјаниве доаѓаат по остатоците од нејзината пријателка. Неси исто така ја сметаат дека е најстарото живо битие на Земјата..

За сите овие теории треба многу докази и факти, како и за теоријата дека се работи за метеоролошки балон, кој моментално е под истрага на полицијата. Тоа што им не им е јасно на овластените лица е : како може овој балон, кој е полесен и од самиот зрак, наеднаш да потоне како карпа во езерото па да не можат да го пронајдат?!!Мистеријата останува..

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag