Лошата инфраструктура на бразилските стадиони доведе до фатална нестреќа каде најмалку седум лица го загубија животот, а 40 биле повредени. Несреќата се случила кога фановите прославувајќи ја победата на својот клуб скокале угоре, удолу, кога дел од бетонскиот под на трибинита попуштил и се срушил, повлекувајќи дел од навивачите кои стоеле на трибината.
Извештаите покажуваат дека дури 80 проценти од стадионите во Бразил треба да претрпат структурни промени, цели 90 проценти немаат пристап за хендикепирани лица, а 95 проценти имаат лоши санитарни јазли.