Новиот RAZR има дебелина од 7,1 милиметар, монитор на допир од 4,3 инча, и е потенок од iPhone 4S, но и Galaxy S 2, на Samsung.
Moторола во средата ја претстави новата верзија на RAZR, чија првична верзија за четири години беше продадена во 130 милиони примероци. Имено, претставен е новиот Motorola RAZR Droid кој моментално е најтенкиот „паметен телефон” на светот, објави Motorola.
Тој има 1,2 гигахерци двојадрен процесор, 1 гигабајт РАМ меморија, и оперативен систем Android 2,3. Новиот смарт телефон нуди и многу брза 4G мрежа, барем во подрачјата кои ја имаат, како што е САД. Има камера од 8 мегапиксели, која снима и во HD резолуција.
Мобилниот телефон во САД ќе се продава по цена од 299 долари, заедно со претплатнички договор.