Повторно се појави НЛО на хрватското небо

23 октомври, 20110
0051007.48

Нашите читатели повторно се покажаа како одличен извор и ни пратија уште една фотографија од НЛО забележан во хрватска, овој пат над Хрватско загорје.

Според зборовите на сведоците, фотографијата настанала на 17 август околу 15 часот на самиот влез кај селото Јурјевец. Објетот бил со смеѓа боја и кружен облик, а според зборовите на сведоците, не бил видлив со голо око, што веројатно укажува на големата брзина со која се движел.
„Застанавме на мостот блиску до замокот Хабулинец, излеговме од колата и сликавме две слики за неколку секунди. На првата слика, нема ништо на небото, додека на втората се гледа НЛО кое со голо око не го видовме”, објаснува еден од сведоците.

Идентитетот на непознатиот објект сеуште не е утврден, но не ја исклучуваме можноста да се работи за вонземјанско летало на важна мисија. Треба да се истражи која е мисијата и дали имале било каква работа на ова место или само случајно поминувале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *