Видео од првата трансплатација на цело лице! Интересно скроз:)

23 октомври, 20110
naslovna

Во Америка е објавена првата комплетна трансплатација на лице и тоа на 25 годишно момче од Тексас кој сериозно настрадал во несреќа од електрични води. Пациентот добро се опоравува, а најмногу се радува што повторно ќе може да ја бакнува својата три годишна ќерка.

Далас Виенс сигурно до крајот на животот ќе се сеќава на ноември 2008 година, кога добил работа за сликање на надворешните ѕидови на локалната црква. Тогаш случајно ја допрел електричната жица, која му го изгорела целото лице и го заслепила. Благодарение на посветеноста на лекарите, Далас ги преживеал тешките повреди, но останал со потполно унаказено лице, кое воопшто не е слично на човечката физиономија.Во моментот Далас немал здравствено осигурување, но трошоците за десетте операции сепак ги платила државата, благодарение на новиот закон во здравството.

Тим од 30 доктори и медицински сестри, во операција од 15 часа му трансплантирале ново лице на несреќно настраданиот Далас.

“Кога прв пат го видов Далас, мислев дека нема да можеме ништо да направиме. Но ткивото доста успешно го положивме на остатоците од неговото лице”, изјавил докторот Помахач, кој нагласил  дека сепак не успеале целосно да му го вратат видот, како ни чувството на левата страна од лицето. По операцијата неговиот дедо бил постојано со него и особено се заблагодарил на семејството на непознатото момче кои одлучиле да го донираат неговото лице. “ Секогаш ќе бидете во нашите срце и молитви, вечно ќе ви бидеме благодарни на вашата несебичност”.

Во прилог е видеото  во кое може да го видите Далас кој објаснува како му се случила несреќата и зашто сака трансплантација на лице.

Предупредување: Видеото би можело да биде вознемирувачко за некои луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma