Секоја трета жена не може да излезе од дома без шминка, па нормално е дека тој број не се намалува ни во текот на летото. Но може да настане проблем кога треба да се оди на плажа и капење, а после тоа треба да одите на кафе или забава после плажа. За овие прилики е идеална водоотпорната шминка. Таа нема да ве изневери ни на плажа, базен, теретана ни при летни дождови.
Природна шминка
Важно е пред било каква шминка да нанесете крем со заштитен фактор. Во лето секогаш е поубаво ако изгледате поприродно, па доволни ви се коректор, маскара, балзам за усни во боја или евентуално течен бронзер. Ако приликата е важна, тогаш нанесете и руменило во течна варијанта и стик, бидејќи полесно се нанесуваат.
За очите можете да употребите сенки во стик. Употребете две нијанси и размачкајте ги со прст. Можете да нанесете и разнобојни водоотпорни моливи за очи. Преку ден користете неутрални, пастелни нијанси, а за навечер слободно откачете се со силни бои како тиркизна, зелена, розова или жолта.
Што се однесува до усните, нив треба посебно да ги заштитите бидејќи се почувствителни. Затоа е подобро наместо разни сјаеви да користите балсам со заштитен фактор. И тие постојат во разни бои, мат или сјајни. И за крај, трикот на професионалните шминкери кој може да послужи за послаб изглед, ако нанесете бронзер на колковите, на надворешните и внатрешните делови на бутовите, но притоа внимавајте премините да бидат незабележливи.