Бидете вие контролорот со големиот фактор во Xbox гејминг технлогијата. Со три микрофони, две камери и софистицирана процесирачка моќ внатре Kinect е импресивна, но и сериозна играчка. Мotion-control сензорот претставува масивен успех во самото редефинирање на технологијата во гејмингот. Неговиот софтвер преку сензорот го опфаќа движењето на нашето цело тело во 3D, препознавајќи го лицето и гласот и следејќи го движењето со 1:1 време на реакција. Камерата може да следи до шест луѓе, но само двајца активни играчи во моментот. Кога влегувате во кадар Kinect автоматски ве препознава и ве следи низ просторијата каде се движите. Контрола над компјутеризиран дом од иднината преку глас и без контролор, со едноставни движења, не ќе да е далеку.