За да ја спаси ќерка си од проституција, влегла и самата во неа! Храбра мајка – скрозз!

4 октомври, 20110
majka prostitutka

Кога Светлана отишла на посета кај својата ќерка која била на студии сфатила дека девојката е вклучена во проституција. Со цел да ја извлече од злото и самата влегла во тој „бизнис“. Целосниот сплет на околности и снаодливост на храбрата мајка ја довело до својата ќерка.

Светлана, родум од Белград, од Хрватска влегла во канџите на проституцијата за да може да ја извлече својата ќерка. Нејзината приказна во својата книга „Проституцијата низ вековите“, ја раскажал Иван Лазаревиќ.

Писателот ја запознал Светлана кога му затребале услуги од нејзината компанија. Кога тој и се доверил дека пишува книга за п-роституција таа ја се отворила и му ја раскажала приказната.

Од мало место во Јужна Србија, ќерката на Светлана, Зорана заминува на студии во Белград кон крајот на 90-тите. Кога Светлана за втората година од студиите решила да ја посети својата ќерка, таа ја дочекала во „голем стил“. На мајка си и рекла дека работи во две кафтерии. Но, како мајката го поминувала времето со ќерка си, забележала дека постојано добива телефонски повици и тоа во необично време од денот. Сомнежите кои ги имала Светлана, довеле до признавање на ќерка и која рекла дека работи во агенција за придружба како секретарка.

На Зорана пред финансиските проблеми и пред студиите и пришол млад дечко кој и рекол дека таа може да има повеќе пари, па така и понудил работа. Таа почнала како секретарка, но сфатила дека како „девојка“ може да заработи повеќе. Кога го послушала советот на мајка си и на своот шеф му рекла дека нејзините родители откриле што работи таа, дома се вратила претепана.

Тогаш Светлана решила својата ќерка да ја испрати во Хрватска, но Зорана имала поинакви планови, па и кажала на својата мајка дека оди на деловен пат во Италија и тоа со лажен пасош.

Светлана, која во меѓувреме останала без работа се обратила кај една невладина организација која се занимава со борба против трговијата со луѓе, но тие не успеале да и помогнат. Така несреќната мајка решила да премине на другата страна на законот. Таа се јавила на огласот за секретарка во агенцијата за деловна придружба.

“Прв пат присуствував на состанок каде се договараше продажба на женско тело“, изјавила Светлана, која неколку месеци слушала како преку телефон се договараат девојките на различна возраст, зависно од годините, боја на коса, градба на тело и големина на гради. Кога се договорале средби со клиенти, се повикувале девојки и шофери кои ги возеле до договореното место.

Како секретарка со тек на време стекнувале доверба во неа колегите, девојките и газдата Владе. Откако едена ноќ таа намирисала рација и помогнала да се спасат девојките и газдата од апсење, таа му се доверила нему, ја признала својата намера и приказна и замолила за помош. И не погрешила, бидејќи токму тој Владе, преку разни контакти стигнал до Зорана и успеал да направи таа да се врати дома.

Денеска двете мајката и ќерката се далеку „од улиците“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi