За да стигнат до училиште треба да поминат 200 километри низ планини, карпи и реки! :(

16 ноември, 20110
За да стигнат до училиште треба да поминат 200 километри низ планини, карпи и реки! :(

Школото на овие деца од Кина им е одалечено 200 километри, а на тој пат тие мораат да поминат или преживеат 80 километри опасни планински патеки, карпи и диви реки.

Одењето на училиште скоро за ниедно дете не е големо задоволство, а замислете само како би им било најблиското училиште да е одалечено 200 километри.

Децата од кинеското село Пили од провинцијата Ксинџијанг за да стигнат до училиштето треба да изодат токму 200 километри. И како тоа да не е доволно, па плус треба да преживуваат опасни патеки, карпи и диви реки.

Секоја година пред почетокот на училиштето, наставниците доаѓаат во селото Пили, во кое живеат 416 луѓе од кои 80 се ученици, со цел да ги однесат до интернатот каде остануваат до крајот на семестарот.

На својот пат до училиштето тие се соочуваат со ледени реки, 200 метри долг мост на јажиња, карпи и планини, животот можат да го загубат на секој чекор, а патот им трае цели два дена.

Погледнете што се треба да направат овие деца за да може да се школуваат…

httpv://www.youtube.com/watch?v=p8No73wdPoo

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi