За кого ќе навиваш денес?

13 јули, 20111
partizan skendija

Вечер се игра големо дерби!! Не заради квалитетот на тимовите, или некои вонстандардни поединци. Не!

Се игра дерби на два клуба од две соседни држави! Тоа е подобрата половина од текстот.

Втората, таа што предизвикува ,,меурчиња,, во желудникот е: Игра шампион на Македонија со претежно Албански првотимци и Српскиот шампион кој се разбира, е со претежно Српски играчи.  Да се случува ова во Скандинавија и помеѓу Шведска и Финска-никому ништо. Ама ние не сме ни Скандинавија, а богами и уште помалку Шведска и Финска. Не дека се тие ,,посаглам,, заради пример Шведските порничи, туку ние сме ,,бетер,, заради сопствениот погрешно насаден ментален склоп.

Се мразат Албанците и Србите. Ништо ново. Можеби имаат мотив, иако никој од нив не знае од каде тој истиот потекнува.

Порано, во комунизмот, Партизан беше Албанска гордост за повеќето Албанци од Македонија и Косово. Можеби заради Фадил Вокри кој остави печат во Партизан тоа време, или можеби заради истиот комплекс, заради кој и многумина Македонци навиваа за истите ни ,,шампиони,,- неважно. Гробарите беа ,,шиптари,, за црвено-белите ,,Делии,,. А денес? Е денес тие истите гробари, со ,,нетрпение,, чекаат да им ,,дојдат,, навивачите на Шкендија. Ќе ги ,,гоштевале,,!!!

А можеби, тие истите пред 20 и ,,кусур,, години, плачеа заедно, од радост за успесите на шампионот. Тој нивниот. Партизан.

Три круга кордон полициски ќе го штити стадионот, а мечот е од највисок ризик за УЕФА. Е тоа е денес реалност!! Но?!,

Текстот не е, ни за едните ни за другите. Досега, тоа беше интро текст, а поентата за сето тоа е следна: За кого ќе навиваат Македонците од Македонија?

Во поранешна Југославија, во мое време, скоро сите навиваа за шампионите: Партизан и Звезда. Ќе речеш братство единство, период на заблуди беше, па и да сакам да ги оправдам-не можам, но ќе им простам и ќе ги сфатам. Ние другите или малкуте што навивавме за Вардар бевме трета категорија. Тие беа шампиони а ние лузери. Плачеа од радост на шампионските титули на нивните тимови, а ние малкуте, плачевме од жал, кога ќе испадневме од лига. И тоа беше така се додека не се појави златната единаесетка на Врадар, предводена од Драко Панчев и Васил Рингов. Тука беа и Савевски и Пепи Георгиевски, Момчило Грошев, Најдоски, Станојковиќ. Тоа беше душата на Македонија. Тоа беше ретка радост за нас малкуте, во тие погрешни времиња.

Го преживеавме и тој период, и тој полошиот потоа. Поминаа години но дали нешто се промени? Јас не!!! Јас и понатаму навивам за Вардар, ама оној што го носам во срцето и спомените. Не овој. Овој го уништија разни криминалци, лопови, неписмени фудбалски работници. Овој Вардар не го почитувам.

Но додека Вардар го уништуваа разни Браци Вуичици и други рурални ликови од изгубениов ни регион, други тимови градеа. Создаваа сопствена историја. Вложуваа а не крадеа. Се радуваа како мали деца на секој нивни успех. И пораснаа. Дочека Македонија, Шкендија да стане шампион. И тоа најзаслужено.

СИ го ,,изора,, цело првенство…ги победи сите што требаше..одигра онолку, колку што мораше. И сега? Денес на неколку часа пред за нив најголемиот натпревар во нивната историја, со којзнае колку трема во нив, и огромна желба да успеат, ние Македонците со сигурност се уште не знаеме за кого би навивале. Голем дел од нас, нема да го гледаат натпреварот. Албанците ќе навиваат со цело срце за Шкендија, што е нормално и повеќе од потребно. А ние другите? Јас ќе навивам за Македонија. За шампионот на Македонија. Идентично како ,,на времето,, навивав за мојот шампион Вардар, без разлика дали се бореше за титула или за опстанок. Мене. Македонија се уште ми е во срцето. А Вас?

 

One comment

  • mrmco

    19 јули, 2011 at 13:10

    Novinarot zivee vo minatoto!Zboruva za nekogasen Vardar,a ne saka da se sooci so realnosta.Realnosta e deka Iskra(Skendija) e sampion.No na koja drzava?Kogo vsusnost ke pretstavuva?Cii navivaci ke navivaat i od kade ke bidat?No toa e starata Makedonska bolest,da se bide slep,nem i gluv.Pa toa e najlesno.Zosto pisuvas za Partizan?Zosto s egrizis za niv?Zboruvas za navivacite na Partizan od poranesna YU.Prestani da zivees vo minatoto,zivej vo sekasnosta i pisuvaj za nea,grizi se za “nasite”

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit