За некои луѓе нема криза! Милијдардите горе или доле, на Бил Гејтс му е сеедно!
Шефот на Мајкрософт изјавил дека по првите неколку милијарди човекот губи осет за парите. Гејтс објаснил дека богатството има смисла до одредена точка.
Бил Гејтс е еден од најбогатите луѓе во светот, но изјавил дека богатството не значи и среќа.
„Многу луѓе мислат дека со зголемување на парите се зголемува и човековата среча, но тоа не е вистина. После одредена граница веќе и не е битно дали имате 5 или 15 милијарди“, изјавил 56 годишниот Гејтс.
На гостувањето во колеџот во Сиетл, Гејтс објаснил дека богатството има смисла до одредена точка, бидејќи на некој начин дава слобода. Американецот кој вети дека по неговата смрт ќе се откаже од 95% од богатството и ќе го додели во хуманитарни цели, а само 5% од богатството ќе им го подели на своите три деца.