Слободна е, убава и секси … Па кој не би се борел за неа? Британскиот модел и телевизиска личност Ејми Чајлдс има привилегија за нејзе да се “тепаат” 25 мажи…
Атрактивната Ејми Чајлдс била избрана за главна заводничка во шоуто “Bachelorette”, бидејќи е слободна и многу убава. Нема да биде тешко да се најдат 25 момци кои ќе се “борат” за оваа убавица. Кој знае, можеби на крајот ќе се омажи за еден од нив, изјавил еден извор за британските медиуми.
За време на шоуто Ејми ќе оди на состаноци со момчињата, и со систем на елиминација, ќе си избере еден.
Кој ќе го освои нејзиното срце, ќе видиме на крајот на шоуто.