За време на нацизмот во BMW работеле 50.000 робови…претежно Евреи! И сега…?!

popara29 септември, 20111min00
bmw

Династијата која стои зад големото име на BMW дала шокантно признание: За време на нацизмот во нашите фабрики работеа 50.000 робови.

По неколку децении молк семејството Quandt признало дека користела робови, преземала евреиски бизниси и работела со највисоките кругови на нацистички офицери.

Guenther Quandt

Династијата која стои зад луксузниот бренд на автомобили BMW признала дека сето тоа го правела за време на Втората светска војна, пишува Дејли Мејл.

Gabriele Quandt, чиј дедо  Günther принудно вработил околу 50.000 работници во своите фабрики каде се произведувале оружја, муниции, артлерија и подморници, изјавила дека е „погрешно“ тоа што нејзината фамилија го игнорирала ова поглавје од својата историја.

Таа одлучила да прозбори откако еден германски историчар Joachim Scholtyseck, ангажиран од страна на нејзиното семејство, заклучил дека Günther Quandt и неговиот син Herbert се одговорни за бројни нацистички неправди. Исто така, откриено е дека Günther го добил поголемиот дел од компанијата преку нацистичката програма „аризација“ на компании кои биле во сопственост на Евреите. Семејството Quandt го купила BMW 15 години по Втората светска војна.

Günther Quandt бил толку поврзан со нацистите и со владата, што дури и самиот Хитлер во 1937 година му доделил  титула „лидер на воената економија“, а најмалку во три негови фабрики била користена работна сила од концентрационите логори. Стотици работници загинале за време на ропството.

Покрај Евреи, овие фабрики користеле и руски војници како заробеници и работници, а Günther и неговиот син Herbert ова го знаеле. Самиот Herbert подоцна вработил украински робови во неговата викендица, која се наоѓала недалеку од Берлин.

Семејството Quandt била принудена да започнe истрага за нивната семејна историја и минато, откако во Германија во 2007 година бил емитуван документарниот филм „Тишината на семејството Quandt “. Само пет дена потоа, медиумите пламнале и пишувале за „богатството изградено на крв“.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag