За За Габор се бори за живот

2 јануари, 20110
Zsa_Zsa_Gabor_gabor_zsa_zsa

На За За Габор здравјето сѐ повеќе и се комплицира. Последно нешто е драматичната ноќ, во петокот кога била однесена во болница за да и биде ампутирана десната нога, од коленото надолу. Нејзиниот портпарол изјавил дека таа веќе подолго време е врзана за креветот, со страшни болки, многу лекарства. Унгарската убавица веќе некое време со соочува со борба за живот, таа од лани е парализирана, во 2005-та година имаше серија здравствени проблеми, во 2002-та имаше тешка сообраќајна несреќа. Летово одбивала да и биде направена операција на црниот дроб, по што здравствената состојба се искомплицирала и морала да биде однесена во болница. Но, секое нејзино одење во болница траело кратко. Таа за неколку дена се враќала дома. Нејзиниот сопруг изјавил само дека За За Габор е навистина многу храбра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *