Властите во Иран забраниле во градинките да се организираат часови по танц, било објавено во Техеран. Како што пишува локалниот печат, раководителот на социјалната служба во Техеран, Ахмад Естандијар изјавил дека управителите на градинките каде што децата се учат да танцуваат прават неморален чин кој е против исламските вредности.
Ахмад предупредил дека сите градинки кои ќе ја игнорираат наредбата ќе бидат затворени и ќе ја изгубат лиценцата за работа, известува ДПА. Според Ахмад, градинките место да ги учат децата да играат, треба да организираat дополнителни настави по веронаука.
Исламската власт во Иран тврди дека непријателите на државата започнале културолошка војна, а нивна цел се младата генерација на Иранци, на кои треба да им се наметне западната култура, а да ги заборават нивните верски убедувања.