Заборавете на диети и теретана

popara25 јули, 20111min00
sakajte go svoeto telo

За да ја намалите тежината – сакајте го своето тело!

Речиси една четвртина од мажите и жените во Англија и повеќе од третина возрасни во Америка се дебели. Дебелината го зголемува ризикот од дијабетес и срцеви заболувања, па може значајно да го скрати животниот век. Новото истражување објавено од страна на БиоМед Централ покажува дека подобрувањето на сликата за телото во нашата свест, може да ја подобри ефективноста на програмите за слабеење кои се темелат на исхрана и вежбање.

Истражувачите од Техничкиот Универзитет во Лисабон вклучиле дебели жени во програмата за слабеење која траела една година. Половина од жените добиле општи здравствени информации за добра исхрана, управување со стресот и важноста на грижата за себе. Другата половина учествувала во 30 неделни групни состаноци, каде што зборувале за теми како што се вежби, емоционално јадење, подобрување на сликата за телото и гордоста, како и да се надминат личните препреки за губење на тежината и да се поправат грешките во исхраната.

Се утврдило дека начинот на кој жените размислуваат за своето тело е подобрен и дека е намалена загриженоста за обликот на телото и тежината. Во споредба со првата група, тие биле во подобра ситуација самостојно да ги регулираат своите навики во исхраната и изгубиле многу повеќе од тежината.

Д-р Тешеира, кој го предводел истражувањето изјавил: “Проблемот на лоша слика за телото е многу чест кај дебелите луѓе и често води до утешно прејадување и лоши навики во исхраната, што претставува препрека за губење на тежината. Нашите резултати покажаа силна корелација со подобрување на перцепцијата за своето тело, посебно во намалувањето на вознемиреноста во врска со мислењето на другите и позитивните промени во прехранбените навики. Затоа веруваме дека учењето да се сака своето тело и да се третира на здрав начин е важен аспект за губење на тежината и мора да биде опфатено во секоја програма за контрола на тежината“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag