Забот на Џон Ленон продаден за 19.500 фунти!

7 ноември, 20110
112034

Еден канадски стоматолог платил 19.500 фунти за забот на Џон Ленон кој се најде на аукција во северноанглискиот град Стокпорт.

Стоматологот Мајкл Зук го купил забот на славниот член на групата Битлси лицитирајќи преку телефон за време на аукцијата, каде се продавале разни предмети од времето на рокенролот.

Легендата Џон Ленон, забот го дал кон крајот на шеесетите години на својата куќна помошничка Дот Џарлет како сувенир за нејзината ќерка која била огромен фан на Битлси.

„Кога чув дека забот е на продажба, знаев дека морам да го имам“, изјавил канадскиот стоматолог.

„Некој ќе помисли дека е вулгарно, некој ќе биде фасциниран“, додал стоматологот, кој инаку е автор на книга за забите на познатите, а забот на Џон Ленон планира да го изложи на посебно место во неговата ординација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi