Зачинето печено пилешко со овесни снегулки

popara5 октомври, 20111min00
recept

Познатиот готвач Арт Смит во емисијата на Опра Винфри приготви зачинето печено пилешко со овесни снегулки.

Потребни состојки:

  • 8 копани
  • 1 чаша јогурт
  • 4 пилешки стекови
  • 1 лажичка лут сос
  • 500 гр. овесни снегулки
  • 1 лажичка црвен пипер
  • Сол и црн бибер

Припрема:

Отстранете ја кожата од копаните и добро измијте ги и копаните и пилешкото.

Во посебен сад ставете го јогуртот и лутиот сос и промешајте. Додадете ги копаните и стековите и оставете ги 20 минути да отстојат.

Во кеса за замрзнување ставете ги овесните снегулки, црвениот пипер, солта и црниот пипер. Додајте ги копаните и стековите и промешајте се додека месото не биде прекриено со снегулки.

Вака приготвеното месо ставете го ви чинија и оставете го да отстои во фрижидер околу 30 минути.

Откако ќе се стегне месото, загрејте ја рерната на температура од 220 степени целзиусови. Во тава за печење намачкана со зејтин додадете го месото и печете околу 40 минути.

Вака подготвеното месо ставете го во чинија за сервирање врз која претходно сте ставиле листови од зелена салата. Послужете го месото со тартар сос. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag