ВИДЕО: Човекот без лице со својот танц ги расплака сите!!!

popara5 октомври, 20111min00
1

Со својот танц во последната емисија на Американската верзија на „Танц со ѕвездите„ воениот ветеран ЈР Мартинез (28) ги расплака жирито и публиката, и доби огромни овации од присутните во арената.

Со својата партнерка, Карина Смирноф одиграа румба на песната “If You’re Reading This” на Тим Мек Грау, која ја посвети на сите војници кои не се вратиле дома од воените мисии низ светот.

Мартинез бил тешко повреден во 2003 година, кога неговото теренско возило налетало на мина. Тогаш младиот војник се здобил со изгореници на 40% од неговото тело, и му биле направени 33 хируршки интервенции. Сега се занимава со глума и држи мотивациски говори.

„Хероите се обични луѓе кои прават извонредни дела. Вечерва ти направи нешто извонредно“ – плачејќи изјави судијата на натпреварот Кери Ан Инаба. И самиот Мартинез во текот на изведбата плачел.

http://www.youtube.com/watch?v=VxHINlnwgKw&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma