Закон си е закон! :) На 92 годишна баба не и дале да купи алкохол! Немала доказ дека е полнолетна :)

31 октомври, 20110
rthgv

Една старица од местото Харлоу од Есекс била во шок кога персоналот од една продавница и барал да покаже доказ за полнолетство за да може да купи алкохол.

Дајан Тејлор (92), објаснила за локалните медиуми, дека заминала во продавницата да купи шише виски за својот син, но продавачите и побарале лична карта. Старицата немала документ за идентификација, па купувањето станало малку бизарно.

„Мислев прво дека се шегуваат. Немав лична карта, ја извадив автобуската карта и картата за донирање на крв, но тоа не беше доволно. Таа сакаше доказ за моите години. Никој неможе да ме убеди дека изгледам како да имам 25“, изјавила старицата.

Портпаролот на продавницата ‘One Stop Shop’ подоцна јавно се извинил, но и објаснил дека персоналот не смее да продава алкохол без доказ на клиентот за неговите години.

„Ова изгледаше навистина смешно“, додала бабата, која на крај пијалокот го купила од друга продавница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *