Започна „Рок во Рио“ – еден од најголемите музички фестивали во светот!

25 септември, 20110
ROK U RIJU

Неколку илјади бразилци навистина добро се забавуваа на синоќешниот фестивал „Рок во Рио“, кој се одржа за прв пат по десет години. Овој концерт, кој се одржува на отворено, ќе трае една недела, а организаторите очекуваат повеќе од 700.000 посетители!!!

„Рок во Рио“ за Бразил е исто што беше „Вудсток“ за целиот свет“, изјавила Роберта Медина, една од организаторите на фестивалот.

На „Рок во Рио“  ќе настапат некои од најпознатите рок уметници на денешницата како Колдплеј, Ред Хот Чили Пеперс, Џамирокваи, но и Елтон Џон, Кејти Пери, Ријана… Фестивалот се одржува во близина на Рио де Женеиро, на местото каде ќе биде изградено олимпиското село за Летните Олимписки Игри кои ќе се одржат во 2016 година во Бразил.

Фестивалот „Рок во Рио“ за прв пат се одржа во 1985 година, на годишницата од падот на воената диктатура во Бразил. На овој фестивал настапувале Квин, Ајрон Мејдн и многу други познати рокери, а се верува дека го посетиле повеќе од милион луѓе.

„Првиот „Рок во Рио“ фестивал претставува историски датум за бразилската музика. Во тоа време ниту една позната група не доаѓаше да настапува во нашата земја“, изјавила Роберта Медина.

Организаторите се надеваат дека фестивалот ќе постигне огромен успех, и дека отсега ќе се оддржува на годишно ниво.

Погледнете дел од атмосферата:

http://www.youtube.com/watch?v=l6wGCIsiQic

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi