Судењето на воениот злосторник Ратко Младиќ во Хаг штотутку започна.
Поранешниот командант на војската на Република Српска ќе се изјасни за вината од обвинението за геноцид над несрпското население и злосторства против човештвото во Босна и Херцеговина во периодот од 1992 до 1995 година. Младиќ може да одлучи да се изјасни за вината, но може и да избере изјаснувањето да го одложи за еден месец.
Судењето го води Холанѓанецот Алфонс Ори.
Трибуналот по службена должност за бранител на Младиќ го постави белградскиот адвокат Александар Алексиќ.
Младиќ е во притвор во Хаг од 31 мај. Првото обвинение против него за геноцид над седум илјади Муслимани во Сребреница, Трибуналот го подигна на 25 јули 1995 година, но тој остана бегалец до 26 мај, кога српските власти ги уапсија во Лазарево кај Зрењанин.
Извор: Нетпрес