ТЕМА: КОИ СЕ СЛОБОДНИТЕ ЅИДАРИ

5 мај, 20112
0

“ЗОШТО СЛОБОДНИ ЅИДАРИ”

Можеби сте читале или слушнале нешто за слободните ѕидари, или пак нешто сте научиле.

Сега ве молам да ги отфрлите евентуалните предрасуди и да ме сослушате.

Слободното ѕидарство не е религија, не е црква, не е секта, не е ни некаков собир за вршење завери.

Слободното ѕидарство е здружение на слободни луѓе кои се на добар глас во општеството. Можеби сега ќе се запрашате, која е целта на тоа здружение и каква е нивната намена? Нивната цел е да ги воспитаат возрасните луѓе на толеранција, хуманост и почит. Тие немаат програма, прописи ниту верски предмет.

Во оваа книга сакам да ја опишам надворешната историска слика на масонството.

Слободното ѕидарство е глобално распространето и опфаќа 50.000 ложи низ целиот свет, знаеме дека толеранцијата, хуманоста и почитта не функционираат во диктаторските режими во светот, затоа и слободното ѕидарство не постои во државите со фундаменталистичка ортодоксија.

Слободниот ѕидар се труди да живее хумано, тој членовите на сите ложи ги прифаќа како свои браќа и пријатели, исто така и тие него го прифаќаат како свој брат и пријател.

За да ви ја појаснам функцијата на една ложа, а притоа да не ги откријам нејзините тајни, ќе се потрудам да ви раскажам што се јас имам научено таму:

-Научив да го слушам другиот.

– Научив да го слушам другиот, иако тој има спротивно мислење од моето.

– Секогаш се трудам да увидам од кои предрасуди се уште не сум се ослободил.

-Се трудам секој проблем кој ќе се појави во кругот на моето семејство или на работното место да ги решам на најхуман можен начин.

Научив да поддржувам ненасилно однесување.

Во слободното ѕидарство стекнав многу пријатели од кој научив многу работи, кај нас аргументирано се дискутира за се и нема препирки.

Во слободното ѕидарство најдов простор на слобода, хуманост па дури и мир, исто така успеав како главен уредник на радио и телевизија да не потклекнам на неодговорната политика.

Сепак сакам јасно да напоменам дека слободното ѕидарство светот го гледа како едно семејство.

Германскиот писател Gotfrit Efraim Lesing во своето дело “Ernst und Falk” напишал:  Доколку не постоело слободното ѕидарсто, ќе моравме да го измислиме.

Текст: Александар Гизе

 

“КОИ СЕ СЛОБОДНИТЕ ЅИДАРИ”

Се поставува прашање, кои се слободни ѕидари, тоа се мажи кои припаѓаат во сојузот на слободните ѕидари. Дали ова е доволно објаснето, се разбира дека не е. Многу значајни луѓе дале значајни одговори на тоа прашање, цели библиотеки книги се напишани за да се објасни што е тоа слободно ѕидарство  а што не е.

Во делото на Lesing, “Ernst und Falk” за слободното ѕидарство се вели: Слободното ѕидарство не е нешто произволно, не нешто од што би се одрекле, тоа е нешто непоходно што е втемелено во граѓанското друштво.

Слободното ѕидарство е производ на граѓанското друштво, тоа е нешто што припаѓа на сите луѓе.   J.G Herder ги продолжил Lesing-овите слободноѕидарски разговори, тој во сојузот на слободните ѕидари видел: “видливост во невидливото друштво”, J.G Fihte го напишал “Шестнаесетте писма за Константа”, како и делото “Филозофија на ѕидарството”. И Friedrich Schlegel исто така пишувал слободноѕидарски разговори. Сите овие дела се малку познати иако се напишани од  големите “Германски класици”, а можеби и баш поради тоа не се многу познати.

Некој би помислил дека судот на такви значајни луѓе е сосема доволен. Некој би помислил дека оние кои себе си се сметаат за противници на слободното ѕидарство би можеле да посакаат да ги прочитаат овие текстови. Но очигледно тоа не се случува. Многу луѓе се интересираат за “тајните” на слободното ѕидарство, но не ги бараат на вистинското место.

Што е тоа што не одалечува од слободните ѕидари? На нивните состаноци не може да присуствува некој кој не е нивен член. Тие се ќутливи. Тие имаат свои обичаи, кои доколку се познати, побудуваат чудење. Тие имаат ритуали кои многу педантно ги спроведуваат. Имаат свои симболи и знаци на распознавање кои вешто ги чуваат во тајност.

Сето ова било доволен разлог да во минатото но и денес нив ги сметаат како “сомнителни”.

Што всушност се случува овде? Дали тие се плашат од светлината на јавноста? Тие кои се нарекувани како ”осветлени”, како мажи на “просветителството”. Ако мислат и делуваат чесно, зошто се кријат? Вакви слични клевети, размислувања и дилеми се уште кружат против слободните ѕидари. За слободното ѕидарство често се мисли дека е таен сојуз, кој важел како главен иницијатор на заговори, атентати и државни удари. За нив се смета дека ги држат главните конци во политиката, економијата и културата. Со векови наназад за слободните ѕидари се сметало дека се револуционери, бунтовници и одговорни за убиства. Но исто така со векови во овој сојуз припаѓале најголемите умови на човештвото, како: George Washington, Goethe, Mocart, Dositej Obradovic, Alexander Fleming, Anri Dinan, Gustav Stresemann I Aristide Briand, Прускиот цар Friedrich II, поголемиот број на Американски претседатели и многу други познати и признати личности.





Наскоро продолжуваме со уште многу интересни теми поврзани со слободните ѕидари…

2 comments

  • ice

    2 октомври, 2013 at 08:31

    devil worshipers 3:)

    Reply

  • Petar

    24 јули, 2011 at 11:06

    Би било добро да поставите линк од поновите статии кон првава. Мене ми требаше половина саат да се враќам низ архивата за да го прочитам најглавното-воведот. А без воведот не може да се разбере вредноста на новите.

    Поздрав

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *