Реал е подготвен да понуди 40 милиони евра за Фабрегас

5 мај, 20110
Cesc-Fabregas1

Според “Сан” Флорентино Перес е подготвен да издвои голема сума на пари и да плати 40 милиони евра за да го пресече очекуваното заминување на капитенот на Арсенал во редовите на лутиот ривал Барселона.

Перес е подготвен на ваков начин да се одмазди на Барселона за елиминацијата од полуфиналето на Лигата на Шампиони. Раководството на кралскиот клуб потроши 400 милиони фунти во последните две години, а тоа донесе само еден освоен Куп на кралот оваа сезона.

Тренерот на Реал, Жозе Мурињо го посакува Фабрегас во составот и според него тој одлично би се надополнувал со Чаби Алонсо во средниот ред. Се очекува Арсенал да прифати понуда од околу 40 милиони евра за Фабрегас, иако војната за потпис на фудбалерот меѓу двата шпански гиганти ќе се вжешти.

Интерес за Фабрегас пројавува и Челси, чиј сопственик Роман Абрамович ова лето ќе издвои 80 милиони фунти за засилувања.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *