Запознајте го вистинскиот сиромав милионер! :)

27 октомври, 20110
165212-net-milioner

Еден компјутерски оператор од Индија, кој заработува само 130 долари месечно, стана првиот човек кој осови милион долари во познатиот квиз „Кој сака да биде милионер?“, во Индија.

Како што објави Франс Прес, Сушил Кумар (27) од сиромашната индиска држава Бихар, освоил 50 милиони рупии на познатиот квиз. Веста исто така на својот блог ја открил и водителот на емисијата Амитаб Бачан.

„Еден млад човек, кој заработува бедни 6500 рупии месечно, кој потекнува од скромно семејство, дојде во емисијата и ја освои главната награда. Неверојатен подвиг! Ете што  може еден обичен човек да постигне“, напишал водителот и додал дека снимањето било неверојатно и возбудливо. А на крајот сите заедно прославувале.

Погледнете како водителот му ја честиташе  наградата  на новиот милионер.

httpv://www.youtube.com/watch?v=uLd-cyru-h0

„Сакам да читам. Пред да ги освојам овие пари, неможев да купувам многу книги, но сега има да си направам огромна библиотека“, изјавил новопечениот милионер. Додал дека дел од парите ќе ги вложи во обуки за да може да добие државна сигурна работа.

Весникот, „Тајмс од Индија“ на својот веб сајт најавил дека сниманата епизода од квизот ќе се емитува наредниот месец. Инаку, овој квиз е едно од најгледаните шоуа во Индија. Тој послужи и како инспирација на Викас Сваруп, да го напише бестселерот “Q and A”, кој подоцна се претвори во оскаровски филм  „Сиромавиот милионер“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi