Marawe е позната по нејзините вештини со холахоп, таа успева да врти и 102 обрачи истовремено. Таа е позната и како чудесната Marawe. Таа беше полуфиналистка на австралиското шоу за супер таленти, која вртењето на хулахопи го донесе до совршенство со што го импресионираше целиот свет. Таа одтогаш почна своите перформанси да ги изведува насекаде во светот, од Сан Франциско, Единбург, Њујорк и низ цела Европа.
Неколкуте интересни факти за хулахопот се:
Хулахопот бил познат уште од старите грци.
Научно е докажано дека вртењето хулахоп 10 минути може да согори 100 калории.
Во минатите векови хулахопите биле изработувани од лози, растенија, дрво и метал.
Американката Ашрита Фурман го држи светскиот рекорд во вртење хулахоп, обрачот имал дијаметар од 3,5 метри, а го завртела неверојатни 64 пати. Таа исто така го држи и рекордот во вртење хулахоп под вода – 2 минути и 38 секунди.
http://www.youtube.com/watch?v=MvOCRalgyR4&feature=related