Запросување на колена или не?

popara18 март, 20111min00
fvv

Веридбата и запросувањето на вашата љубена треба да претставува еден од најубавите моменти во животот на жената, но сепак, една нова анкета покжува дека 1 од 4 жени го мрази начинот на кој партнерот ја побарал за животен сопатник. Дека треба да сте по романтичен, оригинален и интимен е мислењето  на 26% од жените. Една третина сметаат дека најголема грешка е да запросите некого без прстен. Во ова истражување биле вклучени 3000 мажи и жени, па и мажите ги откриле своите ставови за овој убав настан. Една четвртина од мажите целосно сами го испланирале запросувањето на девојките, многу мажи одбиле помош од своите блиски во одбирањето на прстенот, а скоро 30% од нив  никого не повеле со себе во купувањето на вереничкиот прстен. Околу 18% од идните невести биле сигурни дека вереникот сам го избрал прстенот. Без оглед на тоа каков дијамант добиле, 96% од жените изјавиле дека се воодушевени од прстенот и дека токму таков од секогаш посакувале. Оваа бројка може да е помала, бидејќи многу од жените сами го имале избрано прстенот во некои предходни прилики. 76 % од мажите чуствувале потреба да клекнат на колена додека ја запросуваат својата сакана, а само 49% од жените се согласуваат со овој став.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag