Зара се брука кај стигне! Уште една брука…сега во Бразил!!! Срамота!

popara20 август, 20111min00
zara

Ужасно!

По истрагата на Бирото за труд и вработување во Сао Паоло, еден од снабдувачките погони на Зара во Бразил е обвинет за експлоатација на работници и злоупотреба на детски труд.

Според извештајот, дури 52-ца работници работеле во нездрави услови во мај, но тоа не е ништо во споредба со наредната истрага.

Минатиот месец, пак, Бирото за труд и вработување открило 15 странски работници од Перу и Боливија кои работеле во речиси робовски услови, а меѓу нив имало и една 14-годишна девојка. Вработените работеле во смени од 16 часа и во тој период им било забрането да ја напуштат фабриката во која едвај има по некој прозорец.

И како да работните услови не се доволно лоши, работниците биле платени далеку под легалната минимална плата во државата.

Моментално, Зара е обвинета за 52 прекршоци од страна на Мнистерството за труд и вработување во Бразил, но полошото можеби допрва следува бидејќи се верува дека постојат уште 30 други фабрики кои работат за оваа компанија под истите услови.

Бљак!

Индитекс, компанија која го поседува ланецот за брза-мода таму, вели дека „ќе го зацврстат надзорот над системот на производство на сите добра во земјата за да се осигураат дека ваков случај нема да се повтори во иднина“.

И ние се надеваме на истото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag