Заради ерупција на вулканот Пајхуе на југот на Чиле, кој во воздухот исфрлал пламен и гас во висина од десет километри, евакуирани биле 3.500 луѓе, пишува “Танјуг“, пренесува НетПрес.
Владата најпрво наредила евакуација на 600 лица, но подоцна тој број го зголемила на 3.500 лица, кои биле сместени во засолништа во безбедни области.
Како што јавуваат агенциите за сега нема информации за повредени.
Гувернерот на чилеанскиот регион Лос Риос рекол дека од кратерот на вулканот се издигнува пламен и чад.
Властите во оваа област издале предупредување за опасност, заради најмалку 230 потреси кои биле забележани во Националната канцеларија за итни ситуации.
Вулканот се наоѓа на 800 километри јужно од престолнината на Чиле Сантијаго.
Извор: Нетпрес