Во среда во периодот помеѓу 19:24 часот и 1:01 часот ќе се случи затемнување на Месечината кое ќе биде видливо и од Македонија. Месечината целосно ќе биде навлезена во сенката од Земјата во периодот од 21:22 до 23:02 часот, соопштуваат од Скопското астрономско друштво.
“На сите граѓани им препорачуваме да ја погледнат Месечината вечерта на 15 јуни. Набљудувањето може да се врши со голо око, или уште подобро преку двоглед или телескоп“, велат од Скопското астрономско друштво.
Со цел овој астрономски настан да се приближи до Скопјани, доколку дозволуваат временските услови, Скопско астрономско друштво ќе ги постави своите телескопи на плоштадот Македонија во целиот периодот на затемнувањето. Набљудувањето ќе биде бесплатно за сите заинтересирани.