Затвори ги после него и вратата и срцето!

27 декември, 20110
1

Точно така. И избриши го од мислите. Ако тој си заминал од тебе и те оставил, немој да правиш никакви планови како повторно да го вратиш. Веројатно ти направил услуга, но уште не си свесна за тоа. Вистината е дека ти се вгенздил во главата и единственото за што мислиш е пак тој. Навистина нема ништо по мачно за срцето од изгубената љубов. Точно е дека има психотерапеути, кои разработиле многу методи како да го избришеш од мислите, но подобро да не се стигне до таму. Првиот совет за оставената жена звучи навистина жестоко:

Заборави за надежта дека тој ќе ти се врати – прво, скоро нема да се врати и второ, повеќе нема ни да ти биде потребен. Освен тоа, ако еднаш те изоставил, ќе го прави истото повторно и повторно.

Вториот совет го надополнува првиот – не превземај никакви чекори за да го вратиш. Не верувај на познатата фраза „За љубовта треба да се бориш“. Ако тој си заминал по своја желба и не ти се јавува, никакви солзи, молби, манипулирање, хистерии и слично нема да ти помогнат.

Направи нешто ново за себе си, смени ја фризурата, бојата на коса, облеката, се што можеш и сакаш. Наградувај се секој ден со нешто, зошто сосема наскоро повторно ќе се вљубиш. И срцето ќе ти биде слободно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *