Затворска казна за “Фејсбук поротничката“

popara18 јуни, 20111min00
presuda
Британската поротничка Џоан Фреил е осудена на осум месеци затвор, откако беше прогласена за виновна дека преку социјалната мрежа “Фејсбук“ стапила во контакт со обвинетиот.
Ова е прва ваква пресуда во Велика Британија, пренесе “Франс прес“.
Фреил, признала пред судот во Лондон, дека разговарала на социјалната мрежа со Џејми Стјуарт, обвинет за трговија со дрога, за време на судењето.
Судот ја прогласи 40-годишната поротничка, која е мајка на три деца, за виновна.
Во својата одлука, судијата објасни дека несоодветното користење на интернет од страна на поротниците е многу сериозно прекршување и претставува непочитување на судот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma