Последното истражување покажува дека не постои никаква разлика помеѓу зависноста од храна и било која друга зависнот, што значи пристапот за решавање на овој проблем не е грешка.
Зависноста од прекумерено уживање во храната и зависноста од хемиски супстанци ги делат истите невролошки активности на мозокот, според последните резултати добиени со помош на истражувањата со магнетна резонанца.
Во студијата биле вклучени 48 здрави жени, а истражувачите ги следела настаните во нивниот мозок во текот на конзумирање на храна. Се покажало дека во тој момент се активираат оние делови на мозокот кои се одговорни за уживање, како уживањето во никотин, алкохол или дрога.
Со тоа се потврдува дека дебелината кај екстремно дебелите луѓе се должи на нагонот за храна, кој е невозможно да се контролира без стручна помош. Дебелината е втора во светот, најчеста причина за предвремена смрт.