Зборувањето на мобилен пред спиење причина за хроничен умор

Едно научно истражување дојде до сознанија кои укажуваат на тоа да не го користиме мобилниот телефон барем пред спиење. Зборењето на тел пред спиење не е ни најмалку здрава навика. Од направената студија утврдено е дека оние кои го практикуваат тоа патат од главоболка, несоница и хроничен умор. Во истражувањето учествувале 36 жени и 35 мажи, на возраст од 18 до 45 години. Некои од испитаниците примиле радиација еднаква на онаа која ја емитува мобилниот телефон за време на разговорот, а останатите биле подложни на лажна радијација. Особите од првата група осетиле главоболка, несоница, а другата група немала никаква последица. Научниците сметаат дека зрачењето делува на дел од мозокот кој е одговорен за контрола на стресот. Затоа тие препорачуваат да го исклучуваме телефонот во текот на ноќта и да не го користиме непосредно пред да спиеме.