Здрави бели намирници

10 март, 20110
karfiol 1

Нутриционистите советуваат да се јадат бели намирници како што се лук, кромид, грав, карфиол, репа и слично. Тие препорачуваат да ги внесуваме повеќе, особено во овој период од годината кога настинките и вирусите земаат замав.

Репата содржи глукозинолати кои делуваат антиканцерогено. Половина шоља грав дневно, е доволно за да ја внесеме дневната потребна количина за влакна и протеини.Карфиолот содржи витамин К, кој е неопходен за правилен развој и јакнење на коските. Лукот и кромидот содржат кверцетин, супстанца која штити од рак на дебелото црево. Исто така тие го снижуваат крвниот притисок и маснотиите во крвта.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *