Здружението на новинари на Србија, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3. Мај на основачот на “Викиликс“, Џулијан Асанж му ја додели наградата “Зора“ за злобода на медиумите, соопштиле денес од ЗНС, пишува “Политика“, пренесува НетПрес.
Во образложението за одлуката на ЗНС, стои дека Асанж и неговите колеги од интернет страната “Викиликс“ дале историски придонес во правото да знаат на граѓаните ширум светот.
ЗНС смета дека Асанж ја задолжил и јавноста во Србија, која од извештаите на “Викиликс“ ги дознала тајните на српската власт.
“Државите имаат право да ги заштитат своите тајни, но Џулијан Асанж на дело докажа зошто новинарите не смеат да им помагаат во тоа“, се наведува во соопштението на ЗНС.
Како што е наведено во соопштението, статуетката “Зора“ дополнително ќе му биде врачена на Асанж.
Извор: Нетпрес