Зелените ќе го уништуваат човештвото за да ги заштитат другите цивилизации!!!

popara20 август, 20111min00
Zelenite

Се сеќавате на култниот филм „Марс напаѓа“? Научниците велат дека сценариото на овој филм всушност е реалност!!!

Според последните истражувања, на човештвото му се заканува опасност од вонземјани кои се спремни да го уништат, со цел да ги зачуваат другите цивилизации. Научниците од НАСА сметаат дека некаде далеку во вселената „малите зелени“ не набљудуваат и ги регистрираат сите промени на Земјата.

„Доколку забележат промени во нашата атмосфера, кои се резултат на зголемено загадување, тие ќе го сфатат тоа како доказ дека нашата цивилизација излегува од контрола. Во тој случај, тие би можеле да дојдат и да не уништат“, смета Шон Голдман, научник и проферор на Државниот Универзитет во Пенсилванија.

Голдман тврди дека на вонземјаните нема да им се допадне тоа што има многу загадување, глобално затоплување и видови кои се пред изумирање како последица на човечката лакомост. Исто така тој смета дека на вонземјаните нема да им се допадне фактот дека човештвото експоненцијално расте, па со тоа и се нанесува огромна штета на планетата и на останатите живи суштества.

Би морале да признаеме дека вонземјаните имаат право да ни се лутат. Затоа најдобро ќе биде да си се фатиме на работа, да зачистиме ѓубрето и да намалиме загаденоста, па кога ќе дојдат вонземјаните да ги им приредиме топло добредојде, да запалиме луле на мирот и да се дружиме.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma